недела, јуни 28, 2026
Дома СКОПСКА Улицата „Пушкинова“ добива нов паркинг

Улицата „Пушкинова“ добива нов паркинг

47

Почна изградбата на нов паркинг простор на улицата „Пушкинова“. Паркингот ќе биде на површина од 437 квадратни метри, а партерно ќе биде уреден со павер елементи.

Од Општина Кисела информираа дека во рамки на градежните работи соодветно ќе се реши и атмосферската канализација преку сливник кој ќе се приклучи кон постојната мрежа.

-За нас секое паркинг место е важно. Свесни сме за секојдневните предизвици со кои се соочуваат жителите, па затоа сме постојано на терен и секогаш изнаоѓаме локации каде што може просторот да се уреди и пренамени. Продолжуваме посветено да работиме на решавање на овој проблем, со цел да им го олесниме секојдневието на нашите сограѓани-изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска.

Паркингот на улицата „Пушкинова“ е еден од четирите нови паркинзи кои Општина Кисела Вода во моментов ги гради ширум својата територија.

 

ИЗДВОЕНИ