Од „Македонски железници – Инфраструктура“ велат дека се запознаени со проблемот и оти нивни екипи веќе се на терен и работат на дефектот.
– Екипи на ЈП „Улици и патишта“ работат на сечење на бетонот каде што стои рампата за да се извадат шрафовите, кои биле бетонирани, поради што и не функционира рампата – објасни помошник-директорот за електротехнички постројки во „Македонски железници – Инфраструктура“, Тони Ѓуревски
Жители од Општина Гази Баба реагираат за опасноста на која се изложени учесниците во сообраќајот, односно и пешаците и возачите, поради тоа што не функционира рампата на железничката пруга кај Хиподром.
Во фејсбук-групата „Ѕид на Општина Гази Баба“, граѓани споделиле видео на кое се гледа како поминува товарна композиција по пругите по улицата, а рампата постојано е отворена.
Ова не е првпат да не биде во функција оваа рампа. И претходно имаше случај кога речиси цел месец таа постојано беше отворена.
Од „Македонски железници – Инфраструктура“ велат дека се запознаени со проблемот и оти нивни екипи веќе се на терен и работат на дефектот.
– Екипи на ЈП „Улици и патишта“ работат на сечење на бетонот каде што стои рампата за да се извадат шрафовите, кои биле бетонирани, поради што и не функционира рампата – објасни помошник-директорот за електротехнички постројки во „Македонски железници – Инфраструктура“, Тони Ѓуревски.
Тој додаде дека покрај секој железнички премин има и сообраќајна сигнализација , односно знак стоп, како и Андреин крст, сообраќаен знак за опасност што означува железнички премин преку пруга без браник или полубраник.
– Пред овие сообраќајни знаци, кои одат во комбинација, возилата треба да застанат, но изгледа дека возачите не ги почитуваат – вели Ѓуревски.
Освен тоа, тој нагласува дека пред железничките премини возовите забавуваат, предупредуваат со свирење, а потоа внимателно продолжуваат.
– На машиновозачите им се издава писмен налог особено да внимаваат кај ваквите премини – дециден е Ѓуревски.
(А. П.)












