Општина Кавадарци објави јавен повик за вклучување евидентирани невработени лица во програмата „Општинско- корисна работа 2026 година“. Се бараат негуватели на стари и изнемоштени лица, со работно време во траење од девет месеци.
– Евидентираните невработени лица што ќе бидат вклучени во програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со работно време од 40 работни часа неделно. Статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица – корисници на паричен надоместок и на корисници на правото на гарантирана минимална помош, за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно претходно оствареното право – појаснија од Општината.
Право на учество во програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица што имаат стекнато сертификат за негувател на стари и изнемоштени лица во домашни услови.












