петок, ноември 13, 2026
Дома МАГАЗИН Славниот Бора Чорба, пред да почине, составил тестамент во строга тајност

Славниот Бора Чорба, пред да почине, составил тестамент во строга тајност

1

Поминаа две години од смртта на легендарниот фронтмен на славниот бенд „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ. Едните велат дека почина по тешка борба со хронична опструктивна белодробна болест, а другите од канцер на простата. Како и да е, загубата за музичката сцена е голема. Бора физички не е меѓу нас, но останаа неговите незаборавни и секогаш актуелни песни, од онаа „Лутка са насловне стране“, па сè до „Како је лепо бити глуп“. И двете песни се посветени на општествените превирања во која било држава од поранешната Југославија.

И деталите од неговиот приватен живот сè уште го привлекуваат вниманието на публиката, а меѓу нив е и содржината на тестаментот што го составил пред смртта. Кога сфатил дека неговата здравствена состојба е сериозно разнишана, Бора решил да не остави ништо на случајност. Непосредно пред да оди во болница, составил тестамент во строга тајност и одлучил за распределбата на големиот имот.
Иако го чувал важниот документ подалеку од очите на новинарите, немал тајни со своите најблиски. Сите одлуки ги дискутирал со сопругата и децата, кон кои бил исклучително приврзан.

Легендарниот рокер одлучил сè што поседува да им го остави на своите најблиски. Иако неговите деца веќе биле финансиски обезбедени, Бора сакал неговото семејство да го наследи тоа што го стекнал тој во текот на животот. Особено значење имаа зборовите што ги упатил на сопругата, трета по ред: – Децата имаат сè од мене, а ти знаеш што да правиш ако се појават некои нови компликации со моето здравје.

Имал и посебна желба поврзана со неговиот роден град Чачак. Тој град имал значајно место во неговото срце и планирал трајно да се врати во него. Посакал една улица во Чачак да го носи неговото име, потсетувајќи дека веќе постои патека во белградската Зоолошка градина наречена како „Борино сокаче“.
Освен прашањето за наследството, Бора Ѓорѓевиќ зборувал и за посмртните награди за кои имаше лошо мислење, бидејќи верувал дека признанијата имаат посебна вредност само кога човек може лично да ги добие.

Инаку, славниот рокер трипати застана пред олтар. Беше во брак со Драгана Ѓорѓевиќ, со која го има синот Борис, а со нив живееше и Тамара, ќерката на Драгана од претходниот брак. Бора и Драгана се разведоа спогодбено во февруари 2007 година. Еден месец подоцна таа почина, а српските медиуми пишуваа дека станува збор за самоубиство. Драгана беше пронајдена мртва во нејзиниот стан. Како причина за смртта беше наведено предозирање со антидепресиви, поради што полицијата дојде до заклучок дека посегнала по сопствениот живот. Потоа беше во брак со 28 години помладата Александра а, од која се разведе по четири години. Со третата сопруга, Дубравка Милатовиќ, привремено живееше во Словенија. Сè додека неговата смрт, за жал, не ги раздели.

(Д. М.) фото: архива

ИЗДВОЕНИ