вторник, јули 28, 2026
Дома СВЕТ Tрамп со нова закана: „Ќе мора да ја уништиме Пикејкс ако не...

Tрамп со нова закана: „Ќе мора да ја уништиме Пикејкс ако не постигнеме договор“

0
EPA/MAXIM SHEMETOV / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави дека Вашингтон имал добри разговори со Иран, дури и додека ги повторуваше заканите за таргетирање мостови, електрани и друга инфраструктура доколку двете страни не постигнат договор за прекин на војната.

Трамп во интервју за Фокс њуз рече дека сака да избегне таргетирање на ирански мостови и електрани, доколку е можно.

„Тоа е многу, многу деликатна рамнотежа. Затоа мислам дека сме во многу силна позиција во моментов. Тие знаат дека ќе го направам тоа ако не постигнат договор. Не можеме повеќе да им дозволиме да ги кршат договорите“, рече Трамп, според Ројтерс.

Трамп додаде дека имал „добри разговори“ со Иран.

Тој ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху подоцна денес.

Запрашан за извештаите дека планира да разговара со Нетанјаху за работата на локација поврзана со нуклеарната програма на Иран, позната како „Планината Пикејкс“ – утврден објект лоциран длабоко под земја во близина на една од главните нуклеарни локации на Иран – Трамп рече дека „не му е потребен“ израелскиот премиер за да го стори тоа.

„Не ми треба Биби да ми го каже тоа. Биби ми го кажува тоа затоа што сака да останам вклучен“, рече Трамп.

Тој додаде дека „точно знае што се случува со Пикејкс“ и дека тоа „не е голема работа“.

„Ги уништивме нивните нуклеарни постројки и ќе мора да го уништиме Пикејкс ако не склучиме договор. Ако не склучиме договор, многу лесно ќе го уништиме“, додаде Трамп.

ИЗДВОЕНИ