Министерството за дигитална трансформација бара од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа. Со ова, вкупниот број записи опфатени со досегашните налози за блокирање достигнува 462. Со мерките се заштитуваат граѓаните од злоупотреба на личните и финасиските податоци на нелегалните платформи за игри на среќа. Најмногу за заштитата на малолетниците и спречувањето на нивната изложеност на онлајн коцкање, вечат од надлежното министерство
„ Апелираме граѓаните да бидат внимателни и да не споделуваат лични и финансиски податоци на непроверени веб-страници. Воедно, ги повикуваме родителите и старателите да посветат дополнително внимание на онлајн активностите на децата и да разговараат со нив за ризиците во интернет просторот. Министерството за дигитална трансформација продолжува со преземање мерки во рамките на своите надлежности за сузбивање на нелегалното онлајн приредување игри на среќа и создавање побезбеден интернет-простор за граѓаните“, соопштуваат од министертсвото за дигитализација
АЕК има рок од пет дена од барањето, да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.












