понеделник, септември 14, 2026
Дома СВЕТ Пожари се шират низ Португалија

Пожари се шират низ Португалија

47

Пожарникарите во Португалија се справуваат со голем пожар во близина на селото Рабаса, во северниот округ Гварда, недалеку од границата со Шпанија, објави Би-Би-Си.

Португалскиот институт за море и атмосфера (IPMA) издаде црвена тревога поради многу висок ризик од пожар за голем дел од земјата. Во некои области е на сила највисокото ниво на тревога.

За потсетување, ситуацијата во Франција и Шпанија е малку подобра отколку во претходните денови, но пожарите сѐ уште се многу сериозни. Вчера во Жиронда изгореа уште 500 хектари, но пожарникарите велат дека денот бил поповолен и дека новите жаришта се претежно под контрола.

Пожарот досега уништи 240 куќи, повреди вкупно 88 пожарникари, а на терен се 2.750 пожарникари, 18 воздухопловни средства, 1.500 војници и 1.440 припадници на безбедносните сили. Загина и еден волонтер (38).

ИЗДВОЕНИ