Најмалку две лица загинаа, а едно е повредено по уривањето на карпеста формација позната како „самовилски оџак“ во Ѓореме, Кападокија – која се наоѓа во централниот дел на турската провинција Невшехир – објавија денеска турските медиуми.
Според „Хабер“, делови од карпестата формација се одрониле поради обилните врнежи во областа – во близина на Музејот на отворено во Ѓореме – и паднале на место каде што имало луѓе.
По добиената информација, на лице место биле испратени полициски и жандармериски единици, тимови од Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), како и екипи на итната медицинска помош.












