Студентите во блокада повикаа в сабота, 1 ноември, на двегодишнината од падот на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад, граѓаните во светот да застанат и да им оддадат почит на 16. жртви.
На „Инстаграм“, денеска тие најавија дека акцијата „Стоп, каде и да сте! Нека одекне тишината“ ќе почне во 11:52 часот, во времето кога падна натстрешницата. Во објавата студентите наведоа и бројни европски и светски градови, вклучувајќи ги: Вашингтон, Брисел, Њујорк, Бостон, Ванкувер, Утрехт, Атина, Карлсруе, Штутгарт, Линц, Филаделфија, Едмонтон, Даблин, Мадрид, Доха, Мелбурн, Загреб и многу други.
Исто така, на својот инстаграм-профил објавија дека утре ќе тргнат пеш од Белград до Нови Сад. Напишаа дека прошетката ќе биде мирна, достоинствена и посветена на сеќавање на загубените животи и на борбата за одговорност. Досега се регистрирани повеќе од 4.000 ученици и средношколци штоќе пешачат до Нови Сад. Како што објави Нова.рс, планот е граѓаните да се соберат во Нови Сад на 1 ноември во 10:00 часот изутрината, на неколку различни локации во градот, а по 16-минутно молчење, да почне комеморативната програма.












