Обвинителството за организиран криминал наложи низа мерки за расветлување на нападот што се случи пред Амбасадата на Израел во Белград.
По терористичкиот чин пред Амбасадата на Израел во Белград, што се случи во средата, јавниот обвинител од Обвинителството за организиран криминал наложи низа оперативни мерки и дејствија. Тие имаат за цел да го утврдат идентитетот на напаѓачот, причините, мотивите и начинот на кој е извршен нападот, како и евентуалните врски што напаѓачот можеби ги имал со терористички организации или поединци вклучени во терористички активности, соопштија денеска од Обвинителството за организиран криминал, пренесува агенцијата „Тачно“.
„Ја известуваме јавноста дека јавниот обвинител од Обвинителството за организиран криминал – по добиеното известување за инцидентот и во присуство на дежурниот обвинител од Вишото јавно обвинителство во Белград (од кого го презеде раководењето со увидот на лице место), како и истражниот тим од Министерството за внатрешни работи на Република Србија – изврши увид на лице место. Потоа, тој наложи низа оперативни мерки и дејствија за утврдување на идентитетот на напаѓачот, причините, мотивите и начинот на извршување на нападот, како и евентуалните врски што напаѓачот можеби ги имал со терористички организации или поединци вклучени во терористички активности“, се наведува во соопштението на Обвинителството.












