четврток, октомври 29, 2026
Дома СВЕТ Масовна тепачка во ерменскиот парламент! Летаа тупаници и шишиња/ВИДЕО

Масовна тепачка во ерменскиот парламент! Летаа тупаници и шишиња/ВИДЕО

27
screenshot X

За време на собраниска седница, денеска изби масовна тепачка меѓу пратениците во ерменскиот парламент. Според „Спутник“, конфликтот првично настанал меѓу пратеник од владејачката партија „Граѓански договор“ – Тарон Чахојан – и членови на опозициската партија „Силна Ерменија“.

Тепачката започнала меѓу Тарон Чахојан и Гарник Давтјан од „Силна Ерменија“, по што во судирот се вклучиле уште десетици други пратеници. За време на инцидентот биле употребени тупаници и шишиња.

Претседателот на парламентот, Рубен Рубинјан, не интервенирал веднаш, а наместо тоа, почекал тепачката целосно да се разгори пред да го повика обезбедувањето.

Дури откако интервенирало обезбедувањето, била прогласена пауза во работата на парламентот.

ИЗДВОЕНИ