понеделник, октомври 26, 2026
Дома МАГАЗИН Теа Таировиќ подложена на итна операција, била примена во болница во лоша...

Теа Таировиќ подложена на итна операција, била примена во болница во лоша состојба

37

Српската пејачка Теа Таировиќ синоќа била подложена на итна операција. Според „Блиц“, Теа синоќа била примена во болница поради внатрешно крварење, а нејзината состојба била толку сериозна што животот ѝ бил загрозен.

Операцијата поминала добро, а пејачката сега успешно се опоравува.

ПР-тимот на Теа Таировиќ набргу излезе со соопштение во кое се потврдува дека нејзината состојба е стабилна.

„Теа Таировиќ сега е добро. Нема да откриваме детали за нејзината здравствена состојба. Таа сама ќе ѝ се обрати на јавноста штом ќе биде во можност да го стори тоа. Ве молиме за разбирање“, наведоа од нејзиниот ПР-тим.

ИЗДВОЕНИ