Максимилијан Кра, пратеник во германскиот парламент од редовите на партијата „Алтернатива за Германија“ АфД (AfD), го опиша поразот на изборната листа на Александар Вучиќ како загуба за европската десница.
„Ова не е добар ден. По Унгарија, сега ја изгубивме и Србија. Станува јасно дека десницата мора да се реорганизира. Сегашниот пристап веќе не е доволен за да биде убедлив“, напиша Кра на платформата X, откако Вучиќ го призна поразот на својата листа на парламентарните избори.
Кра е пратеник во Бундестагот од крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD), a пратеничката група на оваа партија претходно побара од германската влада да го повлече признавањето на Косово.
BREAKING: Aleksandar Vučić conceded defeat in Serbia’s snap parliamentary election, saying the student-backed Student List had won.
“Based on a stratified sample, it is clear that we have lost this election. The student blockade list won,” Vučić said.
The result ends more than a decade of dominance by Vučić’s Serbian Progressive Party.
— Clash Report (@clashreport) October 25, 2026
Пратениците од AfD, Харалд Вајел и Малте Кауфман, отпатуваа во Србија за да ги следат парламентарните избори во 2023 година. Коментарите на Кра сугерираат дека тој на поразот на листата на Вучиќ гледа како на удар врз поширокиот политички спектар со кој AfD споделува одредени ставови.
Кра повлече паралела помеѓу Србија и Унгарија, каде што Виктор Орбан ги загуби изборите во април, по 16 години на власт. Во Србија, листата предводена од Вучиќ го призна поразот, додека листа предводена од студенти освои најголем број гласови.
Според податоците на Републичката изборна комисија – ажурирани во понеделникот во 05:30 часот, по обработката на 91,84 отсто од избирачките места – листата „Студентите победуваат“ освои 51,71 отсто од гласовите, додека листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ освои 39,85 отсто. Разликата меѓу нив изнесуваше 456.761 глас.
Конечните официјални резултати сè уште се очекуваат.












