недела, октомври 25, 2026
Дома МАГАЗИН Фијаско! Ана Стојаноска го освои последното, 16. место, на Детската Евровизија 2026

Фијаско! Ана Стојаноска го освои последното, 16. место, на Детската Евровизија 2026

56

Македонската претставничка, Ана Стојаноска, го освои, за жал, последното, 16. место, на Детската Евровизија 2026, која се одржа изминатиот викенд во Малта. Со песната „Идната јас“, Ана освои вкупно 57 поени, од кои само шест од националните жирија и 51 од онлајн-гласањето на публиката. Победата ѝ припадна на Ерменија, која со песната „BOO“ освои 202 поени. На второто место се пласира Шпанија со 184 поени, а трета беше Франција, со 165. Ова е трета победа за Ерменија на Детската Евровизија, по триумфите во 2010 и 2021 година.

Ана настапи под реден број 12, но без успех. Иако, Ана доби 51 поен од онлајн-гласањето, резултатот од националните жирија беше пресуден за конечниот пласман. Со само шест поени, Македонија беше последна и според оценките на стручните комисии. Како што вели народот, повеќе среќа другпат, на наредниот избор догодина во Ерменија.

 

ИЗДВОЕНИ