понеделник, октомври 26, 2026
Дома МАГАЗИН Секси провокативно и оригинално со „Љубов или нешто друго“ – Софија Манева...

Секси провокативно и оригинално со „Љубов или нешто друго“ – Софија Манева во еден од нејзините најдобри видеоизданија

365

Одвај чекам да ги слушнам реакциите од моите обожаватели бидејќи многу сум задоволна од тоа како изгледа целиот проект. Тоа што го сакав, го постигнав. Максимално се чувствувам женствено и секси

Секси поп-пејачката Софија Манева не мирува, многу е вредна и повторно пријатно ја изненадува публиката и со песната и со новиот спот, кој изобилува со жешки еротски кадри. Со стајлинг кој ја истакнува нејзината женственост. Песната е насловена како „Љубов или нешто друго“. Софија Манева заведува пред камерите  во оригинално секси издание. Оваа атрактивна пејачка со новата верзија на „Љубов или нешто друго“ ни долува и нов модерен звук, свеж аранжман и сосема нова видеоприказна.

Во спотот, Софија има сигурен провокативен настап, а во секој снимен кадар, пејачката ѝ дава нова енергија на добро познатата нумера и ја претставува во поинакво светло. За режијата на видеозаписот е задолжен Даниел Јовески, кој преку визуелниот концепт ја надополнува музичката приказна и создава спот кој емотивно ја следи.Новата верзија носи спој на препознатливата мелодија и современиот музички израз, со цел „Љубов или нешто друго“ повторно да допре до публиката што ја памети, но и уште поважно да ги освои помладите слушатели.

– Многу сум задоволна од тоа како изгледа целиот проект. Тоа што го сакав, го постигнав. „Љубов или нешто друго” има ново руво нов звук, но и видеоприказна во која максимално се чувствувам самоуверено, женствено и секси. Мислам дека успеавме да направиме интересна комбинација и навистина се надевам дека на публиката ќе ѝ се допаднат и песната и спотот. Одвај чекам да ги слушнам реакциите од моите обожаватели, вели веселата Софија Манева.

Со ова издание, Софија покажува дека песните од нејзиниот постар репертоар можат да добијат нов живот низ поинаков звук и визуелен пристап. Но, Софија не застанува тука! Пејачката веќе работи на нов музички проект, кој публиката ќе има можност да го види многу наскоро. Новиот продукт е само најава за она што следува, па останува да видиме со што ќе ја изненади публиката во наредниот период.  Затоа сега запознајте ја Софија Манева во едно од нејзините најзаводливи и најинтересни музичко секси изданија.   (Д. М.)

ИЗДВОЕНИ