петок, јуни 5, 2026
Дома СКОПСКА Стани привремен згрижувач – потребни се малку простор, трпение и љубов кон...

Стани привремен згрижувач – потребни се малку простор, трпение и љубов кон животните   

450

Во време кога капацитетите на „Лајка“ се преполни, а сè повеќе кучиња ја чекаат својата шанса за подобар живот, јавното претпријатие упатува апел до граѓаните дека не мора да вдомат, за да направат огромна разлика.

Од претпријатието нагласуваат дека преку новата програма за привремено згрижување, секој што има малку простор, трпение и љубов кон животните може да стане дел од решението. Привремениот згрижувач му обезбедува на кучето дом со цел да има место каде што ќе учи рутина, да стекнува доверба во луѓето, сè до неговото трајно вдомување.

Граѓаните што ќе се одлучат на овој хуман чекор нема да бидат оставени сами. ЈП „Лајка“ обезбедува: храна за времетраење на престојот, ветеринарна грижа, поддршка и насоки од стручниот тим, активна промоција за вдомување на кучето.

– Привремениот дом е само една станица на нивниот пат, но често е клучна за нивниот живот. Наместо да поминува време во боксови или повторно да се врати на улица, кучето престојува во домашна средина, каде што постепено се социјализира и стекнува основни навики, како прошетки на поводник, контакт со луѓе и социјализација со други животни. Овој процес значително ги зголемува шансите за успешно вдомување – порачуваат од „Лајка“.

Оттаму додаваат дека за да се биде привремен згрижувач не е потребно претходно искуство, туку се потребни малку простор, трпение, одговорен пристап за секој што има желба да помогне.

(А. П.)

 

ИЗДВОЕНИ