четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Драма во Кавадарци: Маж приведен по закани кон полицијата, испукани предупредувачки куршуми

Драма во Кавадарци: Маж приведен по закани кон полицијата, испукани предупредувачки куршуми

95

Ноќеска околу 02:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци привеле 36-годишниот С.М., жител на градот, по пријава за агресивно однесување во неговиот дом.

Според информациите, лицето се обидело да се повреди со остар предмет, а по пристигнувањето на полицијата упатувало закани кон службениците и си нанело повреди. Во текот на интервенцијата, полициските службеници испукале два предупредувачки куршуми во воздух со цел смирување на ситуацијата.

За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било пренесено во Општата болница во Кавадарци за укажување лекарска помош. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ