Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, имал три операции на едната нога и можеби ќе му треба протеза, објави „Њујорк тајмс“.
Според истиот извор, Хамнеи моментално се опоравува од операција на раката, додека тешките изгореници на лицето и усните му го отежнале говорот. Се очекува да се подложи на пластична операција поради овие повреди. Новиот врховен лидер на Иран не се појавил во јавноста откако ја презеде функцијата пред повеќе од еден месец, по смртта на неговиот татко.
Тој беше повреден за време на американско-израелскиот напад врз Техеран, во кој беше убиен неговиот татко, Али Хамнеи, но точниот степен на повредите сè уште не е познат.
Американскиот претседател Доналд Трамп постојано коментираше за неговото здравје, а во некои изјави дури и шпекулираше за негова смрт.












