Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија во заминување, Петер Сијарто, изјави дека поради болест ќе мора сериозно да размисли за понатамошно вклучување во јавниот живот.
Сијарто изјави дека по прегледот во јануари, веднаш бил подложен на медицинска процедура и дека по првата следеле уште две интервенции, но дека болеста сè уште трае, пренесува СРНА.
Тој изјави дека како татко на две деца, ретко бил дома во последните 11 и пол години, а сега, соочен со болеста, мора сериозно да размисли што му е приоритет – семејство или јавна функција.
Размислувајќи за времето поминато како министер, Сијарто рече дека се стремел Унгарија да стане земја погодна за живеење.
– Владата на Фидес отсекогаш работела на градење култура на соработка – рече Сијарто во интервју за унгарската телевизија „Телекс“.
Тој додаде дека приоритет на премиерот Виктор Орбан било да работи во интерес на државата и нејзините граѓани.