Летната сезона на хрватскиот брег е во полн ек, а сцените од една од најпознатите плажи во Макарска повторно ја отворија дебатата за масовниот туризам и гужвите во шпицот на сезоната.
Видео кое се прошири на социјалните мрежи ја прикажува плажата во утринските часови, речиси без слободен простор.
Снимките покажуваат пешкири поставени еден до друг, лежалки, чадори и детски играчки кои го окупираат речиси секој слободен дел од брегот.
Многу посетители се обидуваат да најдат само неколку квадратни метри простор покрај морето, што предизвика бројни коментари на интернет.
View this post on Instagram
Некои корисници веруваат дека ваквите сцени немаат никаква врска со одмор.
„Ова е 100 проценти замор, а не одмор“, „Кој може ваков одмор?“ и „Не би отишол на ваква плажа дури и да ми платат“, се само дел од коментарите што се појавија под објавите.
Многумина истакнуваат дека по цела година работа, очекуваат мир и релаксација, а не борба за слободно место на плажа.
Од друга страна, има и такви кои веруваат дека ваквите гужви не се ништо необично за Макарска во екот на туристичката сезона.
Според нив, тоа е една од најпосетуваните плажи на Јадранското Море, па затоа се очекува голем број посетители.
Некои велат дека место сè уште може да се најде, додека други препорачаа помали заливи и плажи надвор од центарот на градот ако сакаат повеќе мир.












