Новиот уредувачки колегиум на информативната програма на Радио-телевизија Србија (РТС) вечерва упати извинување до гледачите во Србија, опишувајќи го тоа како „прв чекор кон закрепнување“.
„Ова првично извинување е упатено до сите оние кои во блиското минато беа занемарени или исклучени. Пред нас е работа на програмските содржини – сè во јавен интерес. Сакаме повторно да ја стекнеме вашата доверба“, наведе новиот уредувачки колегиум на информативната програма на РТС во соопштението прочитано за време на емитувањето на „Дневник 2“ на РТС.
Izvinjenjce pic.twitter.com/j7OHCKnr9i
— Željko Veljković (@novinarupenziji) October 29, 2026
Претходно денеска беше објавено дека уредниците во информативната програма на РТС се разрешени од своите функции.
Според одлуката на Боривоје Ускоковиќ, вршителот на должноста главен уредник на информативната програма, од своите позиции се разрешени следниве уредници: Весна Шиљеговиќ (дописнички мрежи), Николина Ракиќ (регионално известување), Горислав Папиќ (емисијата „Око“), Зоран Станојевиќ (веб-сајт) и Сузана Гвозденовиќ (известување за дијаспората).
Дополнително, од своите позиции се разрешени и Милица Недиќ, Душан Убовиќ и Ружа Јеремиќ Турудиќ – уредници на централната информативна емисија „Дневник“ (во 19:30 часот). Во меѓувреме, Мања Грчиќ вчера поднесе оставка од функцијата директор на РТС.












