петок, октомври 30, 2026
Дома СВЕТ Американски сенатор: Трамп подготвува „луд“ план за нова војна со Иран

Американски сенатор: Трамп подготвува „луд“ план за нова војна со Иран

34
EPA/SHAHZAIB AKBER

Демократскиот сенатор Крис Марфи тврди дека е запознаен со планот на администрацијата на Доналд Трамп за повторно разгорување на војната со Иран по изборите во Соединетите Американски Држави (САД). Марфи изјави дека планот нема да ги оствари целите, туку ќе покрене нов круг на ескалација.

Марфи се повика на извештаите дека Доналд Трамп планира повторно да ја започне војната со Иран по изборите.

„Некои од нас беа брифирани за воениот план. Иако не можам да откирам никакви детали, можам да го кажам следново: планот е луд. Нема да ги постигне целите и ќе покрене нов циклус на ескалација“, напиша Марфи.

Тој истакна дека на еден од брифинзите имале „прилично детален разговор“ за тоа како би изгледал воениот план доколку воените операции повторно започнат.

„Слушнавте најава дека тоа би бил краткотраен план. Само ќе го кажам ова. Нивниот план е луд“, рече Марфи, додавајќи дека планот ќе доведе до разорна ескалација и веројатно до уништување на американската посветеност кон владеењето на правото.

Прашан дали може да каже повеќе, тој рече дека имало јавно известување за тоа што САД можеби планираат и за цивилната инфраструктура што би можела да биде цел.

„Претседателот побара од нив да развијат план. Дали веруваат дека ќе успеат или не, не знам. Но, планот што го развија ќе доведе, според мое мислење, до продолжување и ескалација на оваа војна, што ќе биде разурнувачки за нашите безбедносни интереси“, рече Марфи.

Изборите за американскиот Конгрес се одржуваат на 3 ноември. Трамп претходно на мрежата Truth Social порача дека САД нема да го напаѓаат Иран пред изборите, а минатиот петок на предизборниот собир на Флорида изјави дека САД би можеле да изведат уште еден „мал Епски бес“ или дека Иран ќе се согласи на договор.

„Епски бес““, е назив на американската воена кампања против Иран што САД и Израел ја започнаа на 28 февруари.

ИЗДВОЕНИ