петок, октомври 30, 2026
Дома БАЛКАН Српската дијаспора убедливо гласала за студентите! „Студентска листа“ освоила трипати повеќе гласови...

Српската дијаспора убедливо гласала за студентите! „Студентска листа“ освоила трипати повеќе гласови од Вучиќ

0
EPA/ANDREJ CUKIC

Републичката изборна комисија (РИК) ги објави конечните резултати од гласањето на изборите одржани во странство, при што се покажа значителна разлика меѓу двете водечки листи. „Студентска листа – Студентите победуваат“ освои 57.756 гласови, додека листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ доби 19.763 гласови.

Според конечните резултати објавени од РИК – како што пренесува „Блиц“ – тоа значи дека студентската листа добила речиси трипати повеќе гласови од листата предводена од Александар Вучиќ.

Според податоците на РИК, обработени се сите извештаи од 93 избирачки места во странство. Од 102.147 регистрирани гласачи, 79.597 излегле на гласање. Во гласачките кутии биле пронајдени вкупно 79.587 ливчиња, од нив, 304 биле прогласени за неважечки, додека 79.283 биле важечки.

Резултатите покажуваат дека листата „Студентска листа – Студентите победуваат“ добила најголема поддршка меѓу гласачите во странство, со 57.756 гласови. Листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ добила 19.763 гласови.

Разликата меѓу двете листи изнесува 37.993 гласови.

ИЗДВОЕНИ