EPA

Светскиот тениски рекет број еден, Јаник Синер, преку видео порака на своите налози објави дека ја завршува сезоната предвреме. Причина за тоа е желбата да се опорави во целост од повредите. Оваа порака ги разочара неговите фанови, но притоа ги израдува неговите конкуренти, особено Германецот Александар Зверев, кој имам ожност до крајот на сезоната да го симне од врвот на АТП листата.

„Заедно со лекарите решивме дека ми е потребен третман на коленото што значи дека оваа сезоната за мене и официјално е завршена. Последните неколку години особено завршницата во Торино ми дадоа толку многу убави чувства и емоции кои годинава ќе бидат поинакви.

Но во моментов размислувам и за мојата долгорочна кариера. Ќе направам се што е можно да се вратам 100% подготовен. Ви благодарам однапред за вашата поддршка и се надевам дека ќе ве видам многу, многу скоро пак на теренот“, рече Синер.

Италијанецот сезонава доминираше и освои дури пет мастерси во низа: Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Рим и Мадрид. Освои и гренд слем титула на Вимблдон, а поради повреда изгуби од Серундоло на Ролан Гарос во Париз.

ИЗДВОЕНИ