Турција потроши речиси 700 милиони долари за организирање на климатскиот самит на Обединетите нации „COP31“ во Анталија, кој заврши без сеопфатен договор поради несогласувања меѓу учесниците, објави денеска „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со трошоците за организацијата. Според овие извори, кои зборуваа под услов да останат анонимни, за изградба и опремување на локацијата за самитот, како и за организација на самата конференција, биле издвоени приближно 23,8 милијарди турски лири – што е еквивалент на 470 милиони долари.
Ако се земат предвид и трошоците за изградба на патишта, уредување на теренот, како и инвестициите од други државни институции, вкупните расходи достигнаа околу 35 милијарди лири, односно приближно 690 милиони долари.
Турција, исто така, се согласи да покрие дополнителни трошоци на Обединетите нации во износ од приближно 7,7 милиони долари, поврзани со организирањето на конференцијата COP31 во Анталија. Трошоците за организирање на самитот беа остро критикувани во турскиот парламент оваа недела, во време кога домаќинствата се соочуваат со постојан пораст на трошоците за живот.
Истовремено, криза поврзана со еден инвестициски фонд дополнително ја намалува поддршката за владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган, според аналитичарите на јавното мислење.












