Македонскиот кошаркарски стратег Александар Јончевски е назначен за нов тренер на полскиот прволигаш Енерга Чарни Слупск. Тој доаѓа на местото на Кшиштоф Шабловски, со кого клубот спогодбено ја прекина соработката по серијата слаби резултати.

Чарни Слупск се наоѓа во сериозна резултатска криза и е една од двете екипи во полската ПГЕ Баскет лига кои сè уште немаат остварено победа во актуелната сезона. Последниот неуспех, на гостувањето кај Бидгошч, беше капката што ја прели чашата и доведе до промена на тренерската позиција.

Јончевски ќе има тешка задача да го разбуди тимот и да ја прекине негативната серија. Македонскиот стручњак веќе има искуство во полската кошарка бидејќи претходно го предводеше Шленск Вроцлав, додека последниот тренерски ангажман го имаше на Косово.

ИЗДВОЕНИ