АБА-лигата воведува нов систем базиран на вештачка интелигенција, кој ќе се користи за анализа на судиските одлуки и спорните ситуации на кошаркарските натпревари. Новата технологија ќе започне да се применува од деветтото коло, а главниот фокус ќе биде ставен на критичните моменти, особено во завршниците кои можат да го одредат победникот.

Системот ќе користи научни методи засновани на физика и биомеханика, комбинирани со реконструкција на видеоснимки од повеќе агли. Ќе се анализираат движењето и брзината на топката, положбата на играчите, траекторијата и точниот момент на контакт.

Еден од примерите е ситуацијата со недозволено допирање на топката во фазата на паѓање кон кошот, позната како „голтендинг“. Со помош на технологијата ќе може попрецизно да се утврди дали одбранбениот играч направил прекршок.

Целта на АБА-лигата е да се намали субјективноста, да се стандардизираат судиските критериуми и да се обезбеди поголема транспарентност во објаснувањето на контроверзните одлуки.

ИЗДВОЕНИ