EPA/CJ GUNTHER

Серена и Венус Вилијамс добија посебна покана од организаторите на Вимблдон да настапат на годинашниот турнир во двојки. Серена Вилијамс, која има 44 години, неодамна се врати на натпреварувањата по речиси четиригодишна пауза, додека нејзината постара сестра, Венус, сè уште повремено се натпреварува на професионално ниво. Венус полни 46 години во среда.

Сестрите Вилијамс заедно освоија 14 титули на гренд слем во двојки, вклучувајќи шест трофеи на Вимблдон. Тие го освоија лондонскиот гренд слем прв пат во 2000 година, додека последната титула на трева ја освоија во 2016 година.

Минатата недела, Серена победи во двојки со Викторија Мбоко на турнирот „Квинс“ во Лондон, што беше нејзин прв официјален натпревар по долго отсуство од теренот. Американката потоа требаше да настапи на турнирот во Берлин во пар со Каролина Мухова.

Последниот пат кога Серена и Венус играа заедно во двојки беше на Отвореното првенство на САД во 2022 година, кога беа поразени во првото коло. Тоа беше нивниот прв заеднички настап по пауза од четири и пол години.

На турнирот во Квинс, Серена и Викторија и Мбоко го поминаа првото коло, но подоцна мораа да се откажат поради повреда на коленото на младата Канаѓанка.

 

ИЗДВОЕНИ