Поранешната американска тенисерка, Линдзи Девенпорт, тврди дека нејзината сонаросничка Серена Вилијамс, тренира сериозно и многу добро знае какво е моменталното ниво на ВТА турнејата, иако нејзиното враќање сè уште не се дискутира отворено.
Поранешната тенисерка број еден во светот и трикратна шампионка на гренд слем турнирите добро ја познава Серена, против која играше 14 пати во текот на својата кариера, а сега како консултант за „Tennis Channel“ го коментираше враќањето на Американката.
Дејвенпорт откри дека Серена веќе тренирала со неколку тенисерки како подготовка за Вимблдон каде што ќе игра во сингл по четири години.
„Знам дека многу тенисерки играле со неа, дури и ако не зборуваат јавно за тоа. Значи, Серена има прилично добра претстава за моменталното ниво на турнејата“, рече Девенпорт.
Таа верува дека Серена дури и не би размислувала за враќање ако не беше сигурна дека може да биде конкурентна.
„Таа немаше да се врати ако не тренираше сериозно и ако не мислеше дека може да игра добро на турнирот“, додаде Девенпорт.












