Иднината на Никола Јокиќ во Денвер Нагетс би можела да биде една од главните теми во НБА во текот на претстојното лето. Иако долго време се веруваше дека српскиот центар ќе ја продолжи кариерата во Колорадо, сега се појавуваат информации дека неговото останување во тимот не е загарантирано.
За ова зборуваше и познатиот американски новинар Тим Каваками, кој во поткаст откри дека ситуацијата околу трикратниот МВП е многу поотворена отколку што изгледа.
- Веќе некое време слушам муабети за ова. Ситуацијата е прилично отворена. Многу е веројатно дека тој ќе се врати во Денвер, но во моментов сè е навистина отворено. Не постои гаранција дека ќе се врати и ќе потпише долгорочно продолжување на договорот, изјави Каваками.
Иако Денвер и понатаму е реална опција, овие коментари дополнително ги разгореа шпекулациите за иднината на српската суперѕвезда. Јокиќ е еден од најдобрите кошаркари на планетата, па секоја промена во неговиот статус би предизвикала огромно внимание во НБА.
Засега нема потврда дека Јокиќ планира заминување, но едно е сигурно – неговата одлука би можела да го промени односот на силите во целата лига.











