понеделник, јули 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Се уредува патот од Инфоцентарот до ловечката куќа

Се уредува патот од Инфоцентарот до ловечката куќа

45

Првпат по повеќе од 30 години, и покрај неповолните временски услови, вработените во национален парк „Пелистер“ активно работат на расчистување на патот од Инфоцентарот (на 1.350 метри надморска височина) кон ловечката куќа (на 2.000 метри надморска височина), во вкупна должина од осум километри.

Од НП „Пелистер“ информираат дека некатегоризираниот пат се наоѓа во бафер-зона (неутрална зона што не е под заштита) и поради недоволната грижа во изминатиот период, уредувачките активности ќе се одвиваат во две фази.

– Првата фаза опфаќа отстранување на вегетацијата, која е физиолошки ослабена и претставува закана за безбедноста на сите минувачи на патот и предвидено е да трае до 1.7.2026 година. Додека втората фаза предвидува уредување на коловозната површина и на каналите за дренажа покрај патот. Предвидено е активностите да завршат најдоцна до 13. 7.2026 година – соопштија од НП „Пелистер“.

Овој патен правец е од суштинско значење, затоа што претставува единствена опција за комуникација со повисоките региони на НП Пелистер. Тој патен правец се користи за активности поврзани со видеомониторингот, заштитата на природата, противпожарната заштита и надзорот од страна на ренџерската служба.

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ