понеделник, јули 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Акција за собирање кабаст отпад во Куманово

Акција за собирање кабаст отпад во Куманово

32

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ од Куманово од утре до 24 мај, до 12:00 часот, ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад на три локации во градот, со цел да се намали непрописното фрлање стар мебел и друг вид отпад на јавни површини.

Во рамките на акцијата ќе бидат поставени специјални контејнери за фрлање кабаст отпад, а граѓаните ќе можат бесплатно да го оставаат отпадот на однапред определените места. Контејнерите ќе бидат поставени: пред ООУ „Толи Зордумис“, во дворот на ООУ „Христијан Карпош“ во населбата „Иго Тричковиќ“ и на улицата „Тоде Думба“, кај Кошеви.

Од ЈП „Чистота и зеленило“ потенцираат дека се очекува со оваа активност да се избегнат создавањето диви депонии и грдата слика со расфрлан кабаст отпад низ Куманово.

 

ИЗДВОЕНИ