сабота, јуни 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ќе се поставуваат семафори пред „Епинал“ во Битола

Ќе се поставуваат семафори пред „Епинал“ во Битола

32

На преминот на Широк сокак кај плоштадот „Гоце Делчев“, почнаа активностите за поставување пешачки семафори, кои треба да го олеснат преминувањето на пешаците преку оваа сообраќајница, во периодот кога не е затворена за сообраќај, а така е во текот на целата година, освен за летниот распуст на училиштата.

– Овој проект, кој беше најавен, конечно, почнува да се реализира, а плоштадот, кој се користи како паркинг- простор, ќе биде пешачка зона, односно нема да се паркираат возила – соопштија од Општина Битола.

Оттаму додаваат дека, исто така, е во план  поставувањето пешачки семафори и на преминот кај Камениот мост, за што, како што велат, дополнително ќе информираат.

ИЗДВОЕНИ