петок, јули 10, 2026
Дома СКОПСКА Се реконструира улицата „Жан Жорес“ во Маџари

Се реконструира улицата „Жан Жорес“ во Маџари

7

Општина Гази Баба започна со реализација на уште еден значаен инфраструктурен проект, а тоа е реконструкцијата на улицата „Жан Жорес“, на делницата од киното „Маџари“, до натпатникот кај ООУ „Наум Наумовски Борче“.

-Овој проект предвидува целосна реконструкција на коловозот, како и изградба на нови, современи пешачки патеки, со што ќе се подобрат условите за безбедно и непречено движење на пешаците и возилата. По долг временски период, жителите на овој дел од општината ќе добијат современа и квалитетна сообраќајна инфраструктура, каква што заслужуваат – соопштија од Општина Гази Баба.

Вкупната вредност на проектот изнесува 6.154.539 денари, средства обезбедени преку вториот јавен повик за финансирање на инфраструктурни проекти на Владата на Република Македонија, со кофинансирање од буџетот на Општина Гази Баба.

-Реконструкцијата на улицата „Жан Жорес“ е еден од вкупно 20 капитални проекти што во овој период се реализираат во Општина Гази Баба со поддршка од Владата. Ова претставува силен инвестициски циклус кој значи нови улици, подобра инфраструктура и поквалитетни услови за живот во сите населени места – потенцираат од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ