петок, ноември 27, 2026
Дома СКОПСКА Aкција за отстранување на хаварисани возила во Општина Кисела Вода

Aкција за отстранување на хаварисани возила во Општина Кисела Вода

1

Нова акција за подигнување на хаварисани возила се одвива низ територијата на Општина Кисела Вода.

Од локалната самоуправа информираат дека општинските инспектори и претставници на лиценцираната фирма за постапување со отпадни возила се на терен и ги отстрануваат неупотребливите автомобили од јавните површини.

-Постапувањето се спроведува согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад, при што на овие возила претходно им беа поставени налепници со известување за нивно отстранување. Дел од сопствениците сами ги тргнаа своите возила по оставените известувања, додека оние кои не ги испочитуваа дадените опомени и рокови се подигнати со акцијата на терен – соопштија од Општина Кисела Вода.

Оттаму додаваат дека целта на акцијата е ослободување на узурпираните паркинг-места и зголемување на проодноста на јавните површини.

– Упатен е јавен апел до сопствениците да не ги оставаат неупотребливите возила на паркиралиштата и тротоарите, бидејќи инспекцискиот надзор и отстранувањето на ваквиот отпад ќе се одвиваат континуирано на територијата на целата општина –  потенцираат општинските власти.

 

ИЗДВОЕНИ