четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Се чисти патеката кон населеното место Драчево

Се чисти патеката кон населеното место Драчево

991

Општинската организација на Црвениот крст – Кисела Вода и Општина Кисела Вода, денеска започна голема еколошка акција. Се чисти левата страна на патеката кон населеното место Драчево, на потегот од бензинската пумпа до семафорите во населбата Пинтија. Вакви акции ќе се реализираат редовно, во неколку наврати, сè до крајот на месец април.

Оваа иницијатива е дел од активностите за промоција на хумани вредности, преку кои младите со својот ангажман прават позитивни промени во општеството.

-Силно ги поддржуваме ваквите еколошки иницијативи преку кои младите со својата креативност и труд директно придонесуваат за нашата општина. Ова е доказ дека кога институциите, хуманитарните организации и општествено одговорните поединци работат заедно, резултатите се видливи. Со подигнувањето на свеста кај младите за одржување на чиста животна средина, градиме поубава и поздрава иднина за сите нас во Кисела Вода – изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

ИЗДВОЕНИ