петок, октомври 30, 2026
Дома СВЕТ Полскиот претседател ја прекина официјалната посета на Сенегал: Се враќа назад во...

Полскиот претседател ја прекина официјалната посета на Сенегал: Се враќа назад во земјата откако полицијата влезе во Уставниот суд

0
Фото: википедија

Полскиот претседател Карол Навроцки ја прекина официјалната посета на Сенегал и се враќа во земјата. Тој ја донесе оваа одлука во петокот, откако полицијата влезе во зградата на Уставниот суд, а претседателот на Судот беше суспендиран. „Во вакви моменти, претседателот мора да биде во Полска. Го прекинувам летот за Сенегал. Се враќам“, објави Навроцки на социјалната мрежа „Икс“ пренесува „Ројтерс“.

Од полицијата потврдија дека нивни службеници влегле во просториите на Судот по инцидентите пред зградата. Во соопштението се наведува дека кон полициските службеници биле фрлани опасни предмети. Уставниот суд на својата веб-страница објави дека претседателот на Судот, Богдан Свјечковски, е суспендиран од должноста.

Работата на Уставниот суд е практично парализирана веќе извесно време поради политички спор. Навроцки, сојузник на поранешната националистичка влада, претходно оваа година одби да именува тројца од шесте судии предложени од парламентот. Истовремено, претседателот на Судот, Свјечковски, им оневозможи на судиите избрани од актуелното парламентарно мнозинство да стапат на должност.

ИЗДВОЕНИ