Камиони и механизација веќе работат на патот за Теферич. Ова се случува по осум месеци откако првично беше оштетен патот. Фотографии од градежните активности што се одвиваат на патот во моментот, објави, на социјалните мрежи, жител од околината на ова место. Градежните активности ги изведува фирмата „Цеацон“, која е избрана како најповолен понудувач за извршување на градежните работи, на тендерот што го распиша Министерството за транспорт во јули. Вредноста на договорот е 48,8 милиони денари за изведување и 317 илјади денари за надзор
Камиони и механизација веќе работат на патот за Теферич. Ова се случува по осум месеци откако првично беше оштетен патот. Видео од градежните активности што се одвиваат на патот во моментот, објави, на социјалните мрежи, жител од околината на ова место.
– Надлежните од Владaта се вратија на ветувањето дека во ноември ќе го санираат оштетеното парче на патот кај Теферич – напиша тој.
Градежните активности, според Министерството за транспорт, ги изведува фирмата „Цеацон“, која е избрана како најповолен понудувач за извршување на градежните работи, на тендерот што беше распишан во јули.
– Склучен е договор со фирмата и таа е воведена во работа на 29 септември 2026 година. Вредноста на договорот е 48,8 милиони денари за изведување и 317 илјади денари за надзор – информираат од Министерството за транспорт.
Оттаму кратко нагласија дека рокот за завршување на работите е една година.
Инаку, реализацијата на проектот за санирање на патот кон Теферич му беше предадена на Министерството за транспорт, бидејќи, како што кажа вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, станува збор за сериозно свлечиште. Тој објасни дека Општината Кисела Вода и Град Скопје немаат ниту можност ниту капацитет да се справат со проблемот.
Патот првично се оштети во февруари и оттогаш е затворен за сообраќај, само по шест месеци откако беше асфалтиран и обновен, а потоа, во март, имаше ново, посериозно пропаѓање и одвојување на земјиштето, кое го вклучи алармот кај жителите, но и кај целата јавност.
(А. П.)












