петок, октомври 30, 2026
Дома СКОПСКА Фолклорна вечер во Драмски театар и музичка забава со Кирил Џајковски на...

Фолклорна вечер во Драмски театар и музичка забава со Кирил Џајковски на отворено

1

По повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, в понеделник, на сцената на Драмски театар, со почеток во 19:30 часот, ќе се одржи фолклорна вечер.

Од Општина Карпош информираат дека во рамките на фолклорната вечер ќе настапат шест фолклорни ансамбли, кои, преку македонската народна песна, традиционалните ора и раскошот на народните носии, ќе ги доловат богатството и убавината на нашето бесценето културно наследство.

– Да ја прославиме заедно македонската традиција, да ги негуваме нашите културни вредности и со гордост да го одбележиме овој значаен јубилеј во духот на заедништвото, почитта и љубовта кон нашите корени – повикуваат од локалната самоуправа.

По повод одбележувањето на јубилејoт на 6 ноември 2026 година, со почеток во 21:00 часот, ќе се одржи и голема музичка забава со Кирил Џајковски и со диџеј-колективот „Семпре“ (Деловски, Инвиктоз, Флоузи, Блу), пред платото на спортскиот центар „Борис Трајковски“. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во препознатливите музички звук, ритам и енергија на еден од најпознатите македонски музички артисти. Влезот е слободен.

 

ИЗДВОЕНИ