Агенцијата за катастар на недвижности реализираше донација на 40 компјутери за основното училиште „Невена Ѓорѓиева-Дуња“ во Општина Кисела Вода.
– Со оваа донација, учениците ќе имаат подобар пристап до информатичката технологија и до дигиталните алатки, што ќе придонесе за поквалитетна настава и за подобри можности за учење и развој – напиша на „Фејсбук“ директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски.












