Општина Бутел почна со асфалтирање на улиците „Ангел Мојсковски“, „Александар Грличков“ и „Љубинка Басотова“ во населеното место Расадник.
Од локалната самоуправа соопштија дека претходно се санирани и главната улица во ова населено место, улицата „21“ и улицата „2“.
– Инвестираме и градиме онаму каде што никој во изминатите децении немал интерес. Продолжуваме, заедно со сите вас, да ја градиме и развиваме Општина Бутел во модерно и подобро место за живеење – потенцираат од локалната самоуправа.












