среда, јуни 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Пуштен во употреба новоизградениот дел на булеварот „Благоја Тоска“

Пуштен во употреба новоизградениот дел на булеварот „Благоја Тоска“

77

Заврши изградбата на продолжението на булеварот „Благоја Тоска“, од кружниот тек кај касарната „Кузман Јосифоски-Питу“, до регионалниот пат Тетово – Јажинце, каде што е изграден и нов кружен тек.

Општина Тетово одржа настан за промоција на новиот сегмент на булеварот „Благоја Тоска“, кој е со должина од 557 метри.

– Конечно, по многу подеми и падови и многу предизвици, оваа важна патна оска на Тетово се завршува со прекрасен проект, кој ќе им служи не само на жителите на ова подрачје туку и на сите граѓани на Тетово и на сите оние што ќе поминат низ Тетово за да одат кон Општина Теарце или дури и кон Република Косово – истакна градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами. 

За да се изгради новата делница на булеварот се потрошени околу 400 илјади евра.

ИЗДВОЕНИ