понеделник, ноември 2, 2026
Дома СКОПСКА Нов асфалт на улицата „Загрепска“ во Мало Курило

Нов асфалт на улицата „Загрепска“ во Мало Курило

1

Општина Центар асфалтираше дел од улицата „Загрепска“ во Мало Курило, на површина од 930 квадратни метри.

Од Општината велат дека со интервенцијата е решен долгогодишниот проблем со големите дупки и со дотрајаниот коловоз и дека значително се подобруваат безбедноста и условите за движење на возилата и на пешаците, како и пристапноста за жителите од овој дел на Општината. Асфалтираниот потег е долг 155 метри и широк 6 метри.

– Коловозот беше во лоша состојба, како резултат на повеќегодишното користење, со дупки и крпеници, а имавме и барања од жителите да се среди. Затоа одлучивме да се постави нов асфалт. Наша цел е секој дел од Центар да има квалитетна инфраструктура и подобри услови за живот – изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Претходно беа асфалтирани улицата „Маџир Маало“ и кракот на улицата „Истарска“ во Ново Маало. Следна е улицата „Владимир Назор“, а во тек е и завршувањето на улицата „Ленинова“.

ИЗДВОЕНИ