понеделник, ноември 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Крива Паланка се подготвува за новогодишните празници

Крива Паланка се подготвува за новогодишните празници

1

Општина Крива Паланка објави јавен повик за изнајмување новогодишни куќарки, во рамките на новогодишниот базар што ќе се одржи на Градскиот плоштад, од 1 декември 2026 година до 10 јануари 2027 година.

– Повикот е наменет за сите заинтересирани угостители, занаетчии, трговци и локални производители, кои можат да пријават понуда со следниве содржини: топли пијалаци – кафе, чај, топло чоколадо и варено вино; слатки задоволства – палачинки, вафли, мини крофни, медени и новогодишни колачиња; храна и домашни специјалитети – колбаси, хот-дог, скара, сендвичи, печива, зелник и мекици; зимски вкусови – печени костени, пуканки и јаткасти плодови; локални производи – мед, слатко, џемови и чаеви; подароци и украси – ракотворби, сувенири, накит, свеќи, новогодишни декорации и персонализирани подароци, како и детска понуда – играчки, сликовници, креативни сетови и новогодишни пакетчиња – соопштија од Општина Крива Паланка.

Оттаму нагласуваат дека се добредојдени и други предлози за содржини соодветни на новогодишниот базар, кои ќе придонесат за разновидна и привлечна празнична понуда.

ИЗДВОЕНИ