Лука Дончиќ продолжува да доминира во НБА-лигата и со нова, спектакуларна партија го предводеше Лос Анџелес лејкерс до победа над Торонто, со 131:125. Гостите немаа немаше решение за словенечката суперѕвезда, која повторно покажа зошто е еден од главните кандидати за МВП-наградата.

Дончиќ го заврши натпреварот со неверојатни 45 поени, 15 скока, шест асистенции и пет украдени топки. Погоди 12 од 23 обиди од поле, вклучувајќи осум тројки, а беше максимално прецизен од линијата за слободни фрлања со 13 од 13. Со ваквиот настап, тој уште еднаш потврди дека игра во фантастична форма и дека ова може да биде сезоната во која, конечно, ќе стигне до престижното индивидуално признание. Лејкерс, пак, ја запиша петтата победа на првите седум натпревари.

Покрај Дончиќ, Остин Ривс постигна 19 поени, додека кај Торонто најдобар беше Скоти Барнс со 29 поени. Ар Џеј Барет додаде 22, но тоа не беше доволно за изненадување против разиграниот Лејкерс.

На другите натпревари, Бостон го совлада Орландо со 108:97, Бруклин беше подобар од Индијана со 98:90, додека Голден стејт славеше против Лос Анџелес клиперс со 124:112.

ИЗДВОЕНИ