понеделник, ноември 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „Неготинско младо вино“ во Старата градска чаршија 

„Неготинско младо вино“ во Старата градска чаршија 

0

Општина Неготино и оваа година во ноември, по четврти пат, ќе ја организира манифестацијата „Неготинско младо вино“.

Станува збор за настан што ќе се одржи во Старата градска чаршија в недела, 8 ноември, со почеток во 13:00 часот, а манифестацијата ѝ е посветена на промоцијата на неготинското младо вино, малите семејни винарници и на локалната традиција.

Присутните во Старата градска чаршија ќе можат да дегустираат од изложените млади вина, да се запознаат со производите на винарниците и да пробаат од традиционалната неготинска храна.

Од Општина Неготино велат дека е подготвена извонредно богата забавно-музичка програма, со настап на фолклорниот ансамбл „Ацо Ѓорчев“ и на пензионерскиот хор при Здружението на пензионери Неготино, а свој придонес во добрата забава ќе дадат и „Трио Гранде“ и една од најпопуларните пејачки на македонски народни песни, Сузана Гавазова.

ИЗДВОЕНИ