понеделник, јуни 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Професорката Татјана Алексиќ за вознемирувачкиот случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров:...

Професорката Татјана Алексиќ за вознемирувачкиот случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров: „Ние систематски моделираме генерации на психопати“

401

Каде виделе гасење цигари од кожа? Каде виделе, слушнале или прочитале за такви гадости? Кој ги научи толку да мразат и злоставуваат?!? – прашува во својата објава на Фејсбук, Татјана Алексиќ, професорката по македонски јазик и литература во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“, со став за вознемирувачкиот случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров, кој го обелодени весникот ВЕЧЕР.

„Ние систематски моделираме генерации на психопати“, пишува професорката која секогаш е гласна за општествено одговорни теми.

– Ни требаат под итно флота од стручни лица во училиштата, образовни асистенти, социјални работници, педагози, психолози, психотерапевти, дефектолози, логопеди, служби за детектирање метал и оружје при влез во училиште, систематски прегледи со тест за никотин и дрога во крв, забрана за (а)социјални мрежи до 18 години и цивилизирани казнено-поправно домови! За љубов, емоционална писменост и човекови права е доцна, зашто во првата декада од животот на децата се битни и имаат влијание врз воспитувањето. Децата во 6-то одделение се веќе карактерно и психички оформени! – смета професорката Алексиќ.

Според неа децата го имитираат однесувањето на возрасните!

– Ќе повторуваат злоставувања!

Ќе продолжат да се расправаат по социјалните мрежи!

Ќе учат од нас возрасните за агресија и „добро” ќе нѐ имитираат.

Каде виделе гасење цигари од кожа? Каде виделе, слушнале или прочитале за такви гадости? Кој ги научи толку да мразат и злоставуваат?!? – прашува во својата Фејсбук објава професорката Алексиќ.

Женска ученичка група тепала, понижувала и горела со цигара помладо девојче

ИЗДВОЕНИ