сабота, октомври 31, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мицкоски од Брвеница им порача на граѓаните во недела да го заокружат...

Мицкоски од Брвеница им порача на граѓаните во недела да го заокружат бројот 1: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби

11
Фото:фб

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од завршниот митинг во Брвеница упати порака за единство и развој, повикувајќи ги граѓаните на поддршка за кандидатот Стојанче Радичевски.

Брвеница заслужува развој, заслужува сигурност, заслужува иднина во која младите ќе остануваат, семејствата ќе напредуваат, а секој човек, без оглед на неговата национална, верска или политичка припадност, ќе чувствува дека ова е неговиот дом, неговата општина и неговата држава – порача вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на завршниот митинг од Брвеница, пред вториот круг избори за градоначалник на општината што ќе се одржи в недела.

– Денес сум овде со една едноставна, но силна порака. Една Брвеница за сите. Силата на една општина не се мери само со бројот на изградени улици, водоводи и училишта. Таа се мери и со довербата меѓу луѓето. Со чувството дека никој не е заборавен, дека никој не е оставен сам и дека институциите постојат за да му служат на граѓанинот, а не граѓанинот да им служи на институциите. И токму затоа денес сакам да зборувам за една Брвеница која не се дели. За Брвеница која ги обединува своите луѓе. За Брвеница во која различностите не се причина за поделби, туку богатство што треба да го чуваме – рече Мицкоски.

Според него, во политиката постојат два вида луѓе, како што рече, едните доаѓаат пред граѓаните кога им треба нивниот глас, а другите остануваат со граѓаните и тогаш кога ќе завршат изборите, кога ќе се изгаснат камерите и кога ќе започне вистинската работа.

ој истакната дека во политиката постојат два вида луѓе. Едните доаѓаат пред граѓаните кога им треба нивниот глас, а другите остануваат со граѓаните и тогаш кога ќе завршат изборите, кога ќе се изгаснат камерите и кога ќе започне вистинската работа, а тој  верува во вторите. Верувам во луѓето што не бараат изговори, туку решенија. Во оние што не ја гледаат функцијата како привилегија, туку како обврска. Во оние што знаат дека зад секоја одлука стои нечиј живот, нечија мака, нечија надеж, истакна Мицкоски.

Брвеница важна. Важна е не само за луѓето кои живеат овде, туку и за цела Mакедонија. Затоа што овде се покажува карактерот и ставот на народот, неговата решителност и неговата јасна определба за тоа каква иднина сака, каква држава посакува и за каква Македонија сме подготвени да се бориме. А изборот е јасен и појасен не може да биде.

Од една страна се оние кои сакаат да нè вратат назад, во времето на поделбите, политичките пазарења и личните интереси, а од другата страна се луѓето кои веруваат дека Македонија мора да оди напред, дека државата им припаѓа на сите нејзини граѓани и дека иднината не смее да биде заложник на ничии политички калкулации.

И затоа сакам да ви кажам нешто многу важно. Кога некој постојано продава етнички магли, кога отвора национални прашања секогаш кога нема што да понуди, кога поважно му е нечие име или презиме отколку неговиот карактер, кога етничката припадност ја става пред трудот, чесноста, енергијата и љубовта кон Македонија, тогаш имате сериозна причина да се запрашате какви се неговите вистински намери.

Тој нагласи дека патриотизмот не се докажува со националистички пароли, туку со дела, со чесна работа, со одговорност и со човечко почитување, а оние, додаде, што најгласно зборуваат за национални интереси, многу често најмногу мислат на сопствените лични интереси – колку повеќе зборуваат за народот, толку повеќе треба да ги гледаме нивните дела.

-И колку повеќе се кријат зад национализмот, толку повнимателно треба да се прашаме дали зад него стои вистинската грижа за граѓаните или само желба за власт и привилегии. Овде, во Брвеница, политички се соочуваме со коалицијата којашто ја предводи ДУИ. А нив добро ги познавате. Ги знаете како буквар. Тоа се истите оние политичари кои со години ја имаа власта повеќе од две децении, и наместо да се занимаваат со проблемите на граѓаните, јавноста ги гледаше како играат фудбалчиња и кошаркарски партии во кабинетите. Оние чие владеење го одбележаа бројни прашања за тендери, привилегии и блискоста со одредени бизнис-кругови. Оние кои постојано зборуваа за правата на Албанците, а денес треба да одговараат што конкретно направиле за подобар живот на обичниот Албанец, на обичниот Македонец или на било кое друго семејство коешто живее во оваа држава. Затоа што сиромаштијата нема националност. Корупцијата не прашува на кој јазик зборувате. А кога политичарите работат за себе наместо за народот, штетата тогаш ја плаќаат сите. И токму затоа е време да се стави крај на политиката која ги дели луѓето за да може полесно да владее со нив – истакна Мицкоски.

ИЗДВОЕНИ