Кошаркарите на Пелистер го изненадија шампионот МЗТ Скопје, откако на гости славеа со 85:74 во последниот натпревар од 4.коло од ТОП 6 фазата во Суперлигата. Со оваа победа, битолчани останаа на третата позиција на табелата, а МЗТ Скопје на втората, што значи дека овие два тима најверојатно ќе играат и во полуфиналето од плејофот. Лидер на табелата остана екипата на ТФТ со 48 бодови.

Клучна за победата беше втората четвртина која битолчани ја добија со 28:16 и воедно направија резултатски пресврт, а предноста потоа ја одржуваа до самиот крај.

Најефикасен во победничкиот тим беше Кевин Дејвис со 18 поени и 7 скокови, еден помалку постигна Андреј Митревски, додека на спротивната страна прво име беше Мек Смит-Меквен со 19 коша.

Во последното коло (пред плејофот) МЗТ Скопје гостува кај Маџари, додека Пелистер е домаќин на Тиквеш.

ИЗДВОЕНИ