понеделник, јуни 15, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Додека Трамп се мисли за предлогот на Иран, цената на нафтата расте

Додека Трамп се мисли за предлогот на Иран, цената на нафтата расте

315

Европските берзански индекси денес се во најголем дел во пад, при што суровата нафта од типот Брент повторно порасна на повеќе од 111 долари за барел, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп го свика својот тим за национална безбедност за да разговараат за предлогот на Иран за прекин на војната на Блискиот Исток.

Цените на суровата нафта пораснаа за 2,51 процент на 98,742 долари до 9:30 часот наутро, додека суровата нафта од типот Брент порасна за 2,98 проценти на 111,450 долари.

Иран сигнализираше дека би можел да прифати привремен договор за повторно отворање на Ормускиот теснец во замена за прекин на блокадата на иранските пристаништа од страна на Вашингтон, додека разговорите за нуклеарната програма на Техеран би биле одложени.

Техеран, исто така, сака да задржи одредено ниво на контрола врз транзитот низ клучниот теснец, што веројатно е неприфатливо за Вашингтон, објави Блумберг.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави за Фокс њуз дека понудата на Иран за прекин на војната е подобра од очекуваното, а портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, вчера изјави дека Трамп „многу брзо“ ќе го разгледа предлогот.

Европските фјучерси за гас за мај се тргуваа по цена од 44,100 евра за мегават-час на отворањето на берзата TTF во Амстердам.

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс денес е 1,16997 долари.

Цената на златото падна на 4.632,55 долари за тројанска унца, а цената на пченицата се искачи на 6,2632 долари за бушел (еден бушел е 27,216 кг).

ИЗДВОЕНИ